Манчестер Јунајтед и Њукасл убедливи во лига-купот

Манчестер Јунајтед и Њукасл се првите два полуфиналисти во лига-купот на Англија, по победите што ги забележаа на денешните дуели против Чарлтон, односно Лестер.

„Црвените ѓаволи“ славеа со 3-0 над нисколигашот, како загревање за градското дерби со Манчестер што ги очекува во наредното премиерлигашко коло. Бразилецот Антони со еврогол од дваесетина метри го отвори резултатот во првото полувреме, а во финишот со два гола печат на победата стави Маркус Рашфорд, кој влезе во игра во вториот дел.

Њукасл во второто полувреме го скрши отпорот на Лестер, триумфирајќи со 2-0 со погодоците што ги постигнаа Брн и Жоелинтон.

Се вчитува...