Манчестер Јунајтед и Сергеј Милинковиќ-Савиќ постигнале устен договор околу трансферот на играчот на Лацио на „Олд Трафорд“. Следен чекор ќе бидат преговорите на неговиот агент со клубот, тврдат британските медиуми.
Сепак комплетирањето на трансферот е во голема зависност од заминувањето на Пол Погба во Реал Мадрид. Шпанскиот тим сака да го земе Французинот, но Јунајтед за него бара 150 милиони фунти.
Матеја Кежман го застапува Милинковиќ-Савиќ и тој треба да преговара за понудата од пет години. Во меѓувреме, тренерот на Лацио, Симоне Инзаги изјави дека сака да го задржи во неговиот тим, но и призна дека не може да го натера да остане во Италија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА