Англискиот гигант Манчестер Јунајтед и холандскиот тренер Ерик тен Хаг само формалност ги дели од продолжување на соработката, пренесуваат англиските медиуми.
Холанѓанецот по очајната сезона во која „црвените ѓаволи“ рано беа елиминирани од европските натпреварувања, а потфрлија и во Премиерлигата беше блиску до излезните врати на „Олд Трафорд“, но со освоениот ФА Куп се промени ситуацијата и тој сега е човек број еден во новата ера на тимот кој ќе биде предводен од богатиот Англичанец, Сер Џим Ретклиф.
Тен Хаг останува, но Манчестер Јунајтед ќе претрпи сериози промени, не само во играчкиот кадар туку и во стручниот штаб кој се очекува да биде засилен од поранешниот ас на клубот Руд ван Нистелрој.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА