Манчестер јунајтед и Тотенхем со сериозна предност итаат кон финалето во Лигата на Европа по денешните победи на првите полуфинални средби против Атлетик Билбао и норвешки Бодо/ Глимт.
Манчестер јунајтед веќе ита кон финалето во Лига Европа. „Црвените ѓаволи“ триумфираа на првиот натпревар од полуфиналната пресметка на гостувањето против Атлетик Билбао со 0-3.
Кашемиро во 30. минута донесе предност од 0-1 за Манчестер јунајтед. Во 35. минута оправдано досуден пенал и црвен картон за домашниот дефанзивец Вивиан, а Бруно Фернандеш од пенал во 37. минута носи и 0-2.
На 0-3 зголеми повторно Бруно Фернандеш со голот во 45. минута.
— knickstopmagic (@knickstopmagic) May 1, 2025
Тотенхем, пак, го победи Бодо/ Глимт пред своите навивачи со 3-1. Џонсон и Медисон стрелаа во првото полувреме за Тотенхем, а Соланке во 61. минута зголеми на 3-0.
Сепак, Норвежаните си ги вратија, колку-толку надежите за финалето, со голот на Салтнес во 83. минута за 3-1.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

