Манчестер јунајтед има нов капитен

Манчестер Јунајтед одлучи Бруно Фернандеш во иднина да ја носи капитенската лента. Дека Јунајтед сака да го смени капитенот на својот тим беше јасно пред неколку дена кога Хари Мегваер на социјалните мрежи објави дека повеќе нема да ја носи лентата.

Англиските медиуми сега пишуваат дека на „Олд Трафорд“ немало дилема кој ќе биде новиот предводник на тимот бидејќи сите се согласуваат дека таа чест треба да му припадне на Бруно Фернандеш.

Фернандеш е во Јунајтед од јануари 2020 година, а неговата популарност во клубот и меѓу навивачите дополнително порасна во последните недели бидејќи одби три понуди да ја продолжи кариерата во Саудиска Арабија.

Во англискиот клуб пристигна од Спортинг Лисабон, каде важеше за еден од најперспективните европски фудбалери.

Се вчитува...