Манчестер јунајтед избриша четворица фудбалери: Следи продажба во следните две недели!

Менаџерот на Манчестер јунајтед, Ерик Тен Хаг ги отпиша Хари Мегваер, Џејдон Санчо, Фред и Скот МекТоминеј за новата сезона во Премиерлигата, пренесува „Индипендент“. Според најавите, Јунајтед во следните две недели ќе се обиде да ги продаде.

Мегваер и Санчо се поистакнатите од оваа четворка, но лошите изданија изминатава сезона ги носи до заминување од клубот. Мегваер има договор до јуни 2025 година, со опција за продолжување на уште една, но се чини дека ќе мора да најде нова средина иако тоа е сериозен проблем ако се знае дека Јунајтед за него бара дури 64 милиони евра.

Санчо, пак, во 2021 година, како огромен талент стигна во Јунајтед од Борусија Дортмунд за 85 милиони евра. Иако минатата сезона собра некако 41 настап и постигна седум гола, Јунајтед сака да се ослободи од него. Договорот му е до јуни 2026 година.

Се вчитува...