Манчестер Јунајтед попладнево го претрпе 13-тиот пораз во сите натпреварувања. „Црвените ѓаволи“ беа поразени од Вест Хем со 2-0, и четврти меч последоватолно не успеаја да постигнат гол.
Инаку Јунајтед ја игра најслабата полусезона после 1931 година. Тогаш Јунајтед пред Божиќ имаше 16 порази, а сега има дури 13.
Тоа кажува дека во тимот од Олд Трафорд работите не се како што треба. Можеби во следните денови ќе има и тренерска смена, со оглед дека Тен Хаг и пред овој меч беше под голем притисок поради испаѓањето од Европа и поради катастрофалните резултати во Премиерлигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА