Со превземањето на Манчестер Јунајтед од страна на новото раководство на тимот славниот англиски клуб влегува во нова ера која треба да ја врати старата слава. За тоа на тимот од „Олд Трафорд“ му се потребни нови засилувања, но и за заминувања со цел да се соберат финансии.
Еден од оние кои се очекува да го напуштат клубот е Скот Мектоминеј, фудбалерот од средниот ред кој потекнува од младинската школа на Манчестер Јунајтед и беше џокер на Ерик тен Хаг минатата сезона постигнувајќи клучни погодоци за значајни бодови за „црвените ѓаволи“.
За неговите услуги се заинтересирани повеќе премиерлигаши, а најконкуретен во преговорите засега е Фулам. Лондонскиот тим веќе започна преговори со Манчестер Јунајтед за реализација на трансферот, но првичната понуда на „црно-белите“ од 20 милиони евра беше експрено одбиена.
Манчестер Јунајтед нема цел да дозволи заминување на 27-годишникот по секоја цена и за неговите услуги бара 30 милиони евра, пренесуваат англиските медиуми.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА