Манчестер Јунајтед ќе го ангажира „отпишаниот“ Стерлинг

Рахим Стерлинг на крајот би можел да заврши во Манчестер Јунајтед, тврдат англиските медиуми. Челси на него не смета, и сега само очекува некој да го ангажира.

Џејдон Санчо е пред заминување од Олд Трафорд, а Антони не игра на она ниво од кое се очекува од него, па тимот на Јунајтед ќе повлече потег и ќе го ангажира фудбалерот на Челси.

Стерлинг во минатото играше во Ливерпул, потоа во Манчестер Сити и сега е дел од Челси. Новиот тренер Енцо Мареска јасно даде до знаење дека не смета на него во новата сезона, па тој може да си бара нова средина. Според информациите, Јунајтед го бара на едногодишна позајмица, со право на откуп на крајот од сезоната.

Стерлинг има договор со Челси до 2027 година.

Се вчитува...