Пол Погба ќе добие казна од Манчестер Јунајтед за фотографијата на Твитер објавена веднаш по веста за отказот на Жозе Мурињо со која предизвика лавина реакции и критики.
Иако неговиот спонзор, компанијата „Адидас“, се обиде да го одбрани тврдејќи во соопштение дека објавата била претходно договорена и била дел од кампања, Погба го избриша твитот.
За само десетина минути дури 64.000 следбеници на Французинот ја „лајккаа“ фотографијата.
Од клубот немаат разбирање за однесувањето на Погба кој беше најголемиот проблем меѓу играчите за менаџерот Мурињо. Осуда за фотографијата дојде од речиси сите легенди на клубот, а прв реагираше Гери Невил.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА