Манчестер Јунајтед е подоготвен да и плати на Борусија Дортмунд 100 милиони евра за Џејдон Санчо. Клубот од „Олд Трафорд“ долго време е заинтересиран за англискиот репрезентативец и наводно нема да го одврати големата сума која бундеслигашот ја бара за него.
Борусија Дортмунд во 2017 за Санчо на Манчестер Сити му плати само осум милиони фунти и ваквата евентуална продажба би била супер исплатлива. Од доаѓањето пред повеќе од две години, Санчо се етаблираше во клубот, има постигнато 18 гола дополнети со 30 асистенции. Борусија е подготвена да сослуша понуди и покрај тоа што со Санчо потпиша нов договор во август годинава за плата од 190.000 фунти неделно.
19-годишниот Санчо има десет настапи за англиската фудбалска репрезентација.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА