Манчестер Јунајтед како дел од летната турнеја ќе одигра пријателски натпревр со клубот од родниот град на Оле Гунар Солскјер. Фудбалерите на Јунајтед ќе отпатуваат за Осло каде на 30. јули ќе играат против Кристијансунд.
Солскјер е роден во Кристијансунд, но кариерата ја почнал во вториот тим од градот, Клаусенген. Мечот ќе се игра на стадионот „Улевал“ во Осло. Летната турнеја на „црвените-ѓаволи“ почнува на 13. јули во Австралија, со мечот против Перт глори.
#MUFC are heading to Oslo this summer for pre-season friendlies! ??
— Manchester United (@ManUtd) May 23, 2019
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА