Манчестер Јунајтед ќе ја засилува одбраната од Барселона

Рубен Аморим веќе во јануари ќе го „празни ќесето“ на Манчестер Јунајтед со нови засилувања. Едно од имињата кои се наоѓаат високо на листата на желби на португалскиот стратег е Андреас Кристенсен, фудбалерот на Барселона кој треба да донесе стабилност во одбраната која оваа сезона прими 24 голови во Премиерлигата.

Данецот поради повреда не е во плановите на Барселона па и каталонскиот клуб е отворен за негово заминување со цел собирање на средства за нови трансфери, но и значајно олеснување во финансикаа „битка“ за регистрација на фудбалери.

Со овој трансфер 28-годишникот би се вратил назад во Премиерлигата каде во минатото со успех настапуваше за Челси од 2014 до 2022 година со две сезони поминати на позајмица во Борусија Монхенгладбах.

Се вчитува...