Maнчестер јунајтед конечно стигна до победа во Премиерлигата откако денеска на домашен терен по пресврт (2-1) славеше над Брентфорд во меч од 8. коло од новата сезона. Гостите поведоа со 0-1 со голот на Пинок во судиското продолжение во првото полувреме.
На 1-1 израмни Алехандро Гарначо во 47. минута, додека конечните 2-1 беа дело на Расмус Хојлунд во 62. минута.
Manchester United [2] – 1 Brentford – Rasmus Hojlund 62'
byu/Rudigaa insoccer
До победа стигна и Астон Вила која славеше на гостувањето кај Фулам со 1-3. Во останатите мечеви од програмата во 16 часот: Саутемптон – Лестер 2-3, Њукасл – Брајтон 0-1 и Ипсвич – Евертон 0-2.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА