Манчестер јунајтед купува уште еден фудбалер од Борусија Дортмунд

Англискиот премиерлигаш, Манчестер јунајтед следното лето планира да донесе уште еден фудбалер на Борусија Дортмунд. Откако летово го донесоа Џејдон Санчо, „црвените-ѓаволи“ следната сезона сакаат во своите редови да го видат младиот Џад Белингем.

18-годишниот Белингем сезонава игра одлично во дресот на „милионерите“, а беше стрелец за својот клуб и во победата над Бешикташ од 1-2 на стартот на новата сезона во Лигата на шампионите.

Се вчитува...