Жозе Мурињо и Манчестер Јунајтед половина лето се мачеа и не успеаја да го доведат на Олд Трафор, англискиот репрезентативец, Хари Мегваер. Беа дури подготвени за него да платат рекордни 65 милиони фунти, но Лестер не се согласи на трансферот.
Затоа сега може да им биде уште повеќе мака што минатото лето не го купија за само 15 милиони фунти. Јунајтед имаше прилика да додје до централниот стопер пред тој да се пресели од Хал во Лестер, но тогаш „ѓаволите„ одлучија да го купат Виктор Линделоф за 31 милион фунти.
Откако, Јунајтед ја пропушти приликата, Лестер плати 17 милиони фунти за Мегваер, но цената на репрезентативецот драстично порасна, особено по настапот на Светското првенство во Русија.
Манчестер Јунајтед и Лестер се среќаваат денеска, на отворањето на новата сезона во Премиер-лигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА