Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Алехандро Гарначо, се чини нема да ја претставува својата земја на престојните Олимписки игри во Париз. Причината е поради тоа што бил одбиен од својот клуб. Јунајтед не сака да загуби важен играч на почетокот на сезоната, и затоа нема да му дозволи на крилниот фудбалер настап во Париз.
Клубовите се почесто се решаваат да не ги пуштаат своите ѕвезди на Олимписките игри, со оглед дека фудбалскиот турнир е само борба за престиж. Претходно и Реал Мадрид најави дека кога ќе потпише Мбапе, нема да му дозволи да игра на игрите во Париз.
Оваа сезона Гарначо настапи на 50 меча за Јунајтед, постигна 10 гола и запиша пет асистенции. Се очекува на Аргентинецот да му биде доделена клучна улога во следната сезона во составот на „Црвените ѓаволи“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА