Алексис Санчез е едно од најголемите промашувања на Манчестер јунајтед. Чилеанецот во јануари 2018 пристигна од Арсенал како големо засилување, но не покажа апсолутно ништо.
Искусниот напаѓач одигра вкупно 45 натпревари во дресот на Јунајтед, постигнувајќи пет гола. И сето тоа скапо го наплати. За нешто повеќе од една година на „Олд Трафорд“ си наплати 41 милиони фунти, односно 8,2 милиони фунти по секој постигнат гол.
Алексис следниве денови треба да потпише за Интер, со што „црвените ѓаволи“ конечно ќе се ослободат како што им беше планот уште од пред една година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА