Промената во раководството на Манчестер Јунајтед престојното лето ќе донесе и серија на промени во играчкиот кадар на „Олд Трафорд“. Акцентот ќе биде ставен на засилувања во одбраната каде едно име е високо на приоритетната листа на Џим Ратклиф, пренесуваат англиските медиуми.
Станува збор за стоперот на Јувентус, Глејсон Бремер. Бразилецот по пристигнувањето во Јувентус во 2022 година се наметна како еден од најдобрите на стоперската позиција, а новото раководство на Манчестер Јунајтед на него гледа како долгогодишна аквизиција која воедно ќе донесе и стабилност покрај Варан, Еванс и Мегваер.
Јувентус за неговиот потпис издвои 44 милиони евра, а со оглед на тоа што има договор со важност од 2028 година Манчестер Јунајтед за неговите услуги ќе мора да издвои од 75 до 80 милиони евра. Покрај тоа Бремер е и таргет на Челси и Арсенал па „црвените ѓаволи“ очекуваат и премиерлигашка конкуренија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА