Џејдон Санчо викендов треба да ја комплетира позајмицата во Борусија Дортмунд. Крилниот играч кој е во немилост на Манчестер Јунајтед и суспендиран од страна на тренерот Ерик тен Хаг, сега сака да се врати во Дортмунд за да ја оживее кариерата, одбивајќи неколку подобри понуди.
Целата позајмица треба да чини околу 3 милиони евра, или двојно помалку од она што Санчо го заработува на „Олд Трафорд“.
Борусија Дортмунд ќе нема опција да го откупи Санчо по крајот на сезоната, со оглед дека ќе има висока цена, а и голема плата. Англичанецот после завршувањето на сезоната ќе треба да се врати во Манчестер, но и натаму ќе има неизвесна иднина.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА