Манчестер Јунајтед нема да ја активира откупната клаузула во договорот со Фиорентина за откупување на договорот на Софијан Амрабат вредна 20 милиони евра, пренесува доброупатениот Фабрицио Романо.
Репрезентативецот на Мароко изминатата сезона ја помина на „Олд Трафорд“, но и покрај тоа што ги задоволи очекувањата на тренерот Ерик тен Хаг, клубот се одлучи да не го задржи и во иднина.
За услугите на Амрабат се заинтересирани повеќе клубови, претежно од Шпанија. Доколку се реализра трансфер во Ла Лига тоа ќе биде негов прв настап во ова првенство. Претходно настапуваше во Холандија, Белгија и Италија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА