Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Дарен Флечер говореше за шансите на „црвените-ѓаволи“ за освојување на титулата во Англија следните години. Сезонава расправата околу титулата е завршена. Ливерпул по 30 години ќе го освои трофејот, а Флечер тврди дека тимот од „Олд Трафорд“ не може да си дозволат да не ја освојат лигата три децении.
„Манчестер Јунајтед не може да дозволи да биде 30 години без титула. И ова сега е доволно лошо. Сакаме Јунајтед да се врати на врвот во следните две или три години, тоа е реалната скала која си ја поставивме“, изјави Флечер.
Последниот трофеј „црвените-ѓаволи“ го освоија во 2013 година која беше последна на Сер Алекс Фергусон на клупата на клубот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

