Манчестер Јунајтед не се откажува од потрагата по нов голман

Андре Онана по лошиот натпревар против четвртолигашот Гримзби и дефинитивно го загуби местото во Манчестер Јунајтед по што славниот англиски клуб е во потрага по нов голман.

Импресивна игра не покажа ниту Алтар Бајндир па Манчестер Јунајтед до крајот на преодниот рок ќе се обиде да донесе еден од два голмани на „Олд Трафорд“.

Англичаните остануваат во преговори за Сене Ламенс, а имаат и опција „Б“ во Емилијано Мартинез доколку пропадне трансферот на Белгиецот кој настапува за Ројал Антверпен.

Се вчитува...