Манчестер Јунајтед не знае што прави: Му го раскина договорот на Сер Алекс Фергусон

Сер Алекс Фергусон, менаџер на Манчестер Јунајтед во славната ера на клубот од „Олд Трафорд“, повеќе нема да биде дел од Црвените Ѓаволи ниту во својство на амбасадор.

Сопственикот на клубот, Сер Џим Ретклиф, директор на нафтената компанија Инеос, неформално го известил легендарниот 82-годишник дека повеќе нема да биде на платен список, пишува Атлетик . Како причина го наведе намалувањето на клупските трошоци, а Шкотланѓанецот е само еден од погодените од финансиските реформи.

Интересно е што Јунајтед летово донесе звучни засилувања, поточно Џошуа Џиркзе, Лењ Јор, Матијас де Лихт, Нусар Мазрауи и Мануел Угарте.

Фергусон ги водеше „црвените ѓаволи“ од клупата од 1986 до 2013 година, со кој освои 13 титули во Премиер лигата, пет ФА Купа и два трофеи во Лигата на шампионите.

По неговото заминување, следувеше помалку радосен период за навивачите на црвениот тим од Манчестер, кои оттогаш не се шампиони на Англија. Јунајтед го освои ФА Купот ова лето со победата над градскиот ривал Сити, а минатата година во витрините го донесе и Лига купот. 

Се вчитува...