Чудна клаузула го „спасува“ Аморим од отказ во Манчестер Јунајтед!?

Манчестер Јунајтед ќе го задржи Рубен Аморим на клупата уште најмалку месец и пол, поради невообичаена клаузула во договорот кој го има со тимот од „Олд Трафорд“.

Англиските медиуми објавуваат дека во договорот стои, ако Португалецот добие отказ во првата година како тренер на Јунајтед, тогаш ќе треба да добие отштета од 12 милиони фунти.

Аморим беше назначен на 1. ноември 2024 година, и секој отказ една година порано, ќе значи дека тој ќе заработи добра сума на пари. Затоа веројатно ќе биде тренер и во следните неколку недели, а потоа во зависност од играта и од резултатите, би можел да стане „поранешен“ и Манчестер да бара друго тренерско решение.

Се вчитува...