Манчестер Јунајтед во следната сезона покрај домашното првенство ќе се обиде да го нападне и трофејот во во Лигата на Шампионите, но за тоа на тимот на Оле Гунар Солскјер ќе му биде потребно поширок состав. „Црвените ѓаволи“ се уште одмораат во пресрет на новата сезона, но се блиску до потпис со десниот бек на Атлетико Мадрид, Киран Трипиер.
Репрезентативецот на Англија оваа сезона ја освои титулата во Шпанија, но сака да се врати во родната држава, а и Манчестер Јунајтед сака да донесе конкуренција за Арон ван Бисака, притоа не исклучувајќи ја можноста 23-годишникот да заигра како стопер.
Овој трансфер се проценува на околку 20 милиони евра, што со оглед на финансиска криза и искуството на 30-годишниот кој претходно го носеше дресот на Барнли и Тотенхем, англиските медиуми го проценуваат како „полн погодок“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА