Доминик Ливаковиќ престојното лето заминува од Динамо Загреб, но каде останува непознато. Хрватскиот репрезентативен голман беше блиску до трансфер во Галатасарај, но истиот пропаднал, а сега по неговиот потпис тргнал Манчестер Јунајтед, пренесуваат медиумите на „Островот“.
„Црвените ѓаволи“ во 28-годишникот гледаат како идеална замена за Давид Де Хеа. Неговите години, искуството стекнато со настапите за балканската репрезентација и центата на маркетот го прават примамлив трансфер кој ќе англискиот гигант ќе се обиде да го оствари.
За услугите на Ливаковиќ постои интерес и од два шпански клубови. Станува збор за Реал Сосиедад и Вилјареал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА