Манчестер Јунајтед по новата лоша сезона во која тимот рано беше елиминиран од европските натпреварувања, потфрли и во Премиерлигата, а на крајот се задоволи со ФА Купот ова лето го очекуваат големи промени и влез во нова ера предводен од ново раководство.
Тоа носи и летна „чистка“ во која заедно со тренерот Ерик тен Хаг би можеле да заминат дури 13 фудбалери и тоа дел од ѕвездите за вкупна заработка од 228 милиони евра, пренесуваат англиските медиуми.
На трансфер листата на „црвените ѓаволи“ се наоѓаат: Мектоминеј (32 милиони евра), Санчо (30 милиони евра), Ентони (25 милиони евра), Ван Бисака (20 милиони евра), Касемиро (20 милиони евра), Маласија (18 милиони евра), Мегваер (18 милиони евра), Гринвуд (15 милиони евра), Линделоф (15 милиони евра), Ханибал (12 милиони евра), Пелистри (10 милиони евра), Ериксен (8 милиони евра) и Ван де Бек (5 милиони евра).
Заминувањето на дел од овие фудбалери за цената која ја имаат на трансфер маркетот сепак ќе донесе и загуба за Манчестер Јунајтед со оглед на тоа што за дел од овие фудалери како Мегваер и Ентони беа издвоени 87, односно 95 милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА