Манчестер Јунајтед освои уште еден трофеј пред стартот на сезоната

Екипата на Манчестер Јунајтед ја совлада Фиорентина на пенали (во регуларниот дел беше 1-1), и така го подигна пехарот во „Снепдрагон Купот“. Ова беше втор трофеј за „Црвените ѓаволи“ во последно време, откако претходно го освоија и пехарот во „летната серија од Премиелигата“.

 Манчестер славеше со 5-4 по изведувањето на пеналите. Клучниот момент се случи во последната петта серија, откако голманот Бајиндир успеа да одбрани, а потоа Коби Мајно го реализираше пеналот за конечен триумф.

На овој меч пред навивачите беше промовирано и новото засилување Бенџамин Шешко.

Се вчитува...