Манчестер јунајтед стигна до огромни три бода на гостувањето против Евертон откако „црвените ѓаволи“ по голема борба триумфираа со 0-1 со голот на Бенџамин Шешко во второто полувреме.
Јунајтед се мачеше да доминира и да креира шанси во првиот дел, поради што Карик беше приморан во второто полувреме да го уфрли Шешко на теренот. Словенецот повторно се покажа како човек на одлука, постигнувајќи го единствениот погодок на мечот по одличниот контранапад и асистенцијата на Куња.
Шешко имаше уште еден зицер во судиското продолжение, не успеа повторно да го надмудри Пикфорд, но тимот на Мајкл Карик стигна до она најважното, три бода со кои сега е осамен на четвртото место на табелата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

