Манчестер Јунајдет во последната деценија има серија на грешки при купување на играчи. Потрошени многуи пари, а ефект никаков. Некои од примерите се Хари Мегваер, Џејдон Санчо, Ентони, Варан… Мегваер е далеку од оправдување на вложените 87 милиони евра, Санчо се врати во Борусија, а Ентони ретко кога направил гол или асистенција.
Сега дојде ред на играчот на Јувентус, Бремер кој за 70 милиони евра ќе се пресели на „Олд Трафорд“. „Мундо Депортиво“ пишува дека Јунајтед ќе испрати последна понуда за да го ангажира стоперот во своите редови.
Бремер има договор со Јувентус до 2028 година, а интересно е тоа што пред осум години овој играч додека играше за Деспортиво Бразил, покрај тренинзите продаваше и сладолед за да може да преживее. Трудот му се исплатеше, па сега ќе стане еден од најскапо платените стопери. Во 2022 година Јувентус го плати 44 милиони евра од градскиот ривал Торино.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА