Манчестер Јунајтед почна преговори со Воктинс, откако пропадна трансферот на Ѓокереш

Манчестер Јунајтед го зголеми интересот за напаѓачот на Астон Вила, Оли Воткинс. Тимот од Олд Трафорд и натаму е во потрага на класичен шпиц, откако голгетерот на Спортинг Лисабон, Виктор Ѓокереш го одбра тимот на Арсенал како негова следна дестинација.

Токму од тука, Јунајтед ги интензивира преговорите со англискиот репрезентативец кој се очекува да биде решение во нападот. Исто така „Црвените ѓаволи“ се обидуваат да го финализираат договорот со Брајан Мбемо од Брентфорд.

Јунајтед веќе одржа почетни разговори со Астон Вила. Бирмингем бара околу 60 милиони фунти за Воткинс, но „Олд Трафорд“ не сака да плати толку со оглед на фактот дека напаѓачот веќе има 29 години и нема можност за враќање на инвестицијата. 

Се споменуваше дека Маркус Рашфорд ќе биде вклучен во зделката, но тимот од Бирмингем се одлучи да не го задржи играчот на Јунајтед, и да им го врати назад по истекот на позајмицата.

Се вчитува...