Манчестер Јунајтед подготвува понуда за Роналд Араухо

Манчестер Јунајтед е подготвен на лето да испрати понуда за дефанзивецот на Барселона, Роналд Араухо. Засилувањето на одбраната ќе биде еден од приоритетите за летната селекција на „црвените ѓаволи“ и уругвајскиот дефанзивец е на врвот на листата за нови набавки, тврди „Фичајес“.

Араухо беше на прагот да се раздели со Барса уште во зимата, кога беше на чекор до трансфер во Јувентус, но на крајот преговорите пропаднаа и тој остана со Каталонците, дури и потпиша нов договор. Сепак, тоа не е гаранција дека нема да се продава на лето, особено ако има добра понуда.

На Барса и требаат свежи и нови играчи за да има поголем буџет за селекција, па се очекува клубот да продаде дел од своите сегашни играчи. Араухо е еден од играчите кои би можеле да си заминат, се додека клубот добие доволно интригантна понуда за него.

Се верува дека Манчестер Јунајтед е подготвен да понуди околу 60 милиони евра за правата на 26-годишниот дефанзивец. Таквата понуда може да биде доволна за да ја убеди Барса да го пушти.

Се вчитува...