Манчестер Јунајтед повторно се избрука со домашен пораз од Брајтон (ВИДЕО)

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед повторно се избрукаа сезонава, откако им приредија нов шок на своите навивачи. Денеска на „Олд Трафорд“ со три бода си замина екипата на Брајтон, која триумфираше со 1-3.

Уште во петата минута следуваше студен туш за фановите на „Црвените ѓаволи“ откако Минтех успеа да донесе гостинско водство. Во 23. минута Бруно Фернандеш од пенал израмни на 1-1, и се чинеше дека се врати во мечот.

Меѓутоа на стартот од вториот дел, во 60. минута од средбата Митома донесе нова предност за Брајтон, за Рутер во 76. минута ја искористи големата грешка на голманот Андре Онана, да зголеми на 1-3.

Евертон на Гудисон Парк ја совлада екипата на Тотенхем со 3-2, и така ги зголеми шансите за опстанок. Евертон уште по првиот дел ја обезбеди победата со водството од 3-0 стекнато преку Калверт-Луин, Ндаје и автоголот на Греј. Кулушевски и Ричарлисон во вториот дел само успеаја да намалат.

Нотингем продолжува со одличната форма и добрите резулатти, откако го совлада тимот на Саутемптон со 3-2.

Се вчитува...