Манчестер Јунајтед пред израмнување на неславен рекорд

Mанчестер Јунајтед е на еден од пораз од најлошата серија во историјата на клубот oд 1992 година. Избраниците на Оле Гунар Солскјер во последните пет натпревари во сите натпреварувања забележаа четири порази, од екипите на Арсенал, два пати од Вулверхемптон и од Барселона.

Последен пат кога „црвените ѓаволи“ имаа серија од четири порази во пет натпревари беше во 2015 година, кога на клупата на тимот од „Олд трафорд“ седеше Холанѓанецот, Луј ван Гал.

Доколку Манчестер Јунајтед утре загуби од Вест Хем ќе го израмни рекордот од 1992. година, кога на чело на англискиот гигант беше Сер Алекс Фергусон. Мечот од 34. коло во Премиер лигата меѓу Манчестер Јунајтед и Вест Хем на програмата е утре со почеток во 18:30.

Се вчитува...