Манчестер Јунајтед преговара со тројца поранешни играчи за тренерската позиција!?

Раководството на Манчестер Јунајтед почна разговори со кандидатите за нов тренер, кој ќе треба да ја води екипата до крајот на сезоната. Меѓу фаворитите се и тројца поранешни играчи на тимот од „Олд Трафорд“.

Станува збор за Мајкл Керик, Оле Гунар Солскјер, додека третата варијанта е Дарен Влечер, кој во моментов е дел од стручниот штаб на екипата.

Во меѓувреме, челниците на Манчестер наводно одлучиле дека ќе назначат тренер до крајот на сезоната, а потоа ќе донесе долгорочно решение. Се ќе зависи од резултатите до крајот на сезоната, односно доколку успее некој од нив да обезбеди учество во ЛШ, тогаш би можел да остане и во следната сезона.

Исто така се појави информација дека еден од кандидатите е и Јулијан Нагелсман, актуелниот селектор на Германија. Но, таа опција е можна само после завршувањето на Мундијалот оваа година, во зависност од тоа како Германија ќе ги заврши настапите на Светското првенство.

Се вчитува...