Манчестер Јунајтед прекина соработка со руска авиокомпанија поради ситуацијата со Украина

Англискиот гигант Манчестер Јунајтед ја прекина соработката со руската авиокомпанија Аерофлот поради ситуацијата во Украина.

„Со оглед на настаните во Украина, ја прекинавме соработката со Аерофлот. Ја прифативме загриженоста на нашите навивачи ширум светот. Изразуваме сочувство до семејствата на жртвите во овој напад“, се вели во соопштението на Јунајтед.

Манчестер Јунајтед пред неколку дена гостуваше во Мадрид во рамките до Лигата на шампионите, но не леташе со Аерофлот поради санкциите кои Велика Британија ги воведе кон руските компании, меѓу кои и Аерофлот.

Се вчитува...