Манчестер Јунајтед преку Виган до следната фаза во ФА Купот

Манчестер Јунајтед се пласираше во следната фаза од ФА Купот откако ги оправда очекувањата против Виган и славеше на гостувањето кај третолигашот со 0-2.

„Црвените ѓаволи“ поведоа во 22. минута по голот на Дало, а и покрај тоа што можеа да ја зголемат предноста уште во првите 45. минута, до предност од 0-2 стигнаа во 74. минута кога од белата точка успешно стрелаше Бруно Фернандеш.

За противник во следното коло премиерлигашот ќе го има подобриот од ревашнот помеѓу Њупорт и Истли.

Се вчитува...