Манчестер Јунајтед продолжи да расфрла бодови, Њукасл само до бод во битката за ЛШ (ВИДЕО)

Екипата на Манчестер Јунајтед одамна веќе има кренато раце од Премиерлигата. Откако стана јасно дека немаат шанси преку табелата да изборат место во Европа, а исто така не се загрозени за опстанокот, се фрлија на „распродавање бодови“ во Англија, па така и денеска лесно загубија од Брентфорд со 4-3.

И покрај водството преку Маунт, Брентфорд стигна до предност на полувремето од 2-1. Лук Шо си постигна автогол во 27. минута, а Шаде во 33. минута донесе предност за домашниот им.

Шаде во 70. минута донесе предност за Брентфорд и од 3-1, а Виса погоди за 4-1. Гарначо со прекрасен гол во 82. минута го намали резултатот на 4-2. Диало донесе вистинска драма во финишот откако намали на 4-3, но до крајот на мечот промена на резултатот немаше.

Њукасл направи кикс во битката за место во Лигата на шампионите, откако освои само бод на гостувањето кај Брајтон играјќи 1-1. И тоа Њукасл треба да е среќен со бодот, затоа што губеше до последните моменти со 1-0 со голот на Минте, а Њукасл израмни од пенал преку Исак.

Лондонското дерби помеѓу Вест Хем и Тотенхем, заврши без победник 1-1. Одоберт во 15. минута донесе предност за гостите, а Боувен во 28. минута успеа да израмни.

Се вчитува...