Добрата форма на Манчестер Јунајтед продолжува, откако денеска го зема „скалпот“ на уште еден фаворит за титулата – тимот на Арсенал. Јунајтед имаше уште една импресивна партија и на крајот дојде до четвртата победа по ред, после разочарувачкиот старт од два порази во Премиерлигата.
Јунајтед подобро го отвори натпреварот со иницијатива, а Арсенал во 12. минута постигна гол кој беше поништен поради прекршок. Во 35. минута новото засилување Антони, по една добра акција го доведе Јунајтед во водство.
Сепак, Сака по една грешка на Далот израмни во 66. минута. И кога се чинеше дека Арсенал ќе воспостави рамнотежа, една супер топка на Бруно Фернандеш до Рашфорд кој го совлада Ремздејл за ново водство. На крајот Рашфорд по додавање на Ериксен во 75. минута стави печат на победата на Јунајтед.
И покрај поразот Арсенал остана на чело на табелата, меѓутоа сега има само еден бод предност пред Сити и Тотенхем, а Јунајтед освои 12 бода.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

