Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид и Ливерпул во „војна“ за играч од 50 милиони евра

Уште малку и почнува јануарскиот преоден рок, кој низ минатото носел низа интересни трансфери. Во една таква приказна, ако им се верува на медиумите од Германија, се Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид и Ливерпул, а причината има само една. Името на „причината“ е 20-годишниот Хуго Ларсон.

Станува збор за фудбалер кој моментално настапува за Ајнтрахт од Франкфурт и сите го гледаат како одличен и многу креативен млад играч за врска, а наводно порано интерес за него покажале Арсенал и Тотенхем.

Меѓутоа, тој интерес очигледно е намален, но новинарот на Скај Спортс од Германија, Патрик Бергер, тврди дека Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед решиле да се обидат да го доведат во јануари следната година, а во приказната се вклучил и Ливерпул.

Хуго Ларсон во Франкфурт пристигна од Малме во 2023 година и има договор со овој тим до 2029 година. Неговата моментална цена се проценува на 50 милиони евра. 

Се вчитува...