Манчестер Јунајтед рутински до три бода во последниот меч за 2021

Манчестер Јунајтед стигна до деветата победа во Премиерлигата откако во 20. коло славеше со 3-1 на „Олд Трафорд“ против Барнли во натпревар во кој сите голови паднаа во првото полувреме.

Мечот го отвори МекТоминеј со одличен удар надвор од шестнаесетникот во 8. минута, а деветнаесет минути подоцна по продорот и ударот на Санчо топката ја закачи Ми, го промени правецот и истата заврши во мрежата на Хенеси. Во 35. минута домашниот тим стигна и до 3-0 по новиот одличен удар на МекТоминеј и голот на Кристијано Роналдо, а конечните 3-1 ги постави Ленон со блесок во 38. минута.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...