Манчестер јунајтед не го искористи најдобро летниот преоден рок, Жозе Мурињо не ги доби посакуваните засилувања, а фановите и јавно го истакнаа незадоволството против извршниот директор на клубот, Ед Вудворд. Раководството на „црвените ѓаволи“ веќе размислува и за промена, а прв „пик“ за засилување на оваа позиција е Мончи, спортскиот директор на Рома. Тој важи за еден од „мајсторите“ за ангажман на нови засилувања.
Тоа го покажа претходно во Севилја, а се чини дека одлична работа врши и во Рома, ако се знае дека „волчицата“ е сепак ограничена со финансиски средства.
Манчестер јунајтед се надева дека со него би добиле неверојатно засилување во кадровскиот дел, и веќе се отпочнати преговори за тој да се пресели на „Олд Трафорд“. Проблемот е што и Мончи има долгорочен договор со Рома…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА