Манчестер јунајтед сака што побрзо да се ослободи од Гарначо

Манчестер Јунајтед е подготвен да го продаде Алехандро Гарначо што е можно поскоро, пренесуваат англиските медиуми.

Токму поради желбата што побрзо да го продадат својот фудбалер, „црвените ѓаволи“ би можеле да бидат принудени значително да ја намалат почетната клаузула за откуп од 70 милиони фунти.

Аргентинецот наводно сака да остане во Премиерлигата, но Јунајтед е одлучен да се ослободи од него, поради што наводно ќе прифати и понуда од 50 милиони фунти.

Се вчитува...