Манчестер Јунајтед се намачи да победи над Брајтон (ВИДЕО)

Иако победи, Манчестер Јунајтед прикажа уште една бледа партија во Премиерлигата во вечерашниот дуел со Брајтон. На нивна среќа противникот имаше играч помалку, но и шанса за израмнување во последните мигови.

Брајтон заслужи да води во првиот дел, меѓутоа Де Геа е „виновникот“ што тоа не се случи. Потоа во првите 10 минути од вториот дел тргна надолу. Најпрво Роналдо во 51. минута погоди по асистенцијата на МекТомини, а потоа Данк заработи црвен картон во 54. минута.

Тоа беше голема предност за Јунајтед, но во финишот повторно проблеми за четата на Рангник. На крајот Бруно Фернандеш во 96. минута го отстрани секој сомнеж за победата на Јунајтед, со која се искачи во топ 4 екипи во Премиер-лигата.

Се вчитува...