Манчестер Јунајтед продолжува да биде активен на пазарот летово. Откако го договори Џејдон Санчо, а се поголеми се шпекулациите дека и Рафаел Варан ќе се пресели на „Олд Трафорд“, следна цел на „црвените-ѓаволи“ е младиот талентиран фудбалер на Рен, Еудард Камавинга.
Рен е подготвен да го продаде Камавинга за 30 милиони евра, сума која што не претставува никаков проблем за англискиот премиерлигаш. Одличниот дефанзивен играч за врска ќе биде долгорочно решение за Оле Гунар Солксјер без разлика каква ќе биде иднината на Пол Погба во клубот.
Покрај Манчестер Јунајтед за услугите на Камавинга е заинтересиран и Пари Сен Жермен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА