Ерик тен Хаг го доби и третото засилување ова лето откако Манчестер Јунајтед ја официјализираше соработката со Лисандро Мартинез. Аргентинецот на „Олд Трафорд“ пристигнува од Ајакс каде имаше одлична соработка со новиот сратег на англискиот клуб и се очекува да биде клучен играч во новата сезона.
Мартинез ова лето беше трансфер цел на неколку премиерлигаши меѓу кои и Арсенал, но крајот пресуди интервенцијата од страна на Ерик тен Хаг кој не штедеше финансии и постигна трансфер вреден 55 милиони евра кој може да стигне до 65 милиони евра со бонуси. Стоперот дресот на „црвените ѓаволи“ ќе го носи до 2027 година.
OFFICIAL: Manchester United announce the signing of Lisandro Martínez from Ajax 🇦🇷 pic.twitter.com/fdQBRzq792
— B/R Football (@brfootball) July 17, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

