Манчестер Јунајтед се врати на старите патеки: Фулам со победа од „Олд Трафорд“ (ВИДЕО)

Ставен крај на добрата серија на Манчестер Јунајтед, Фулам оствари триумф на „Олд Трафорд“. Супер интересен беше натпреварот во Манчестер,  со многу шанси на двете страни, отворен фудбал, многу трчање, и кога се чинеше дека Јунајтед ќе се спаси од пораз, сепак, во 97. минута Фулам стигна до трите бода.

Фулам преку Баси во 65. минута дојде до предност. Шанси имаше и Јунајтед да дојде до предност, но не ги искористи.

Јунајтед бараше израмнување, а Фулам, пак, можеше да дојде и до 0-2. Мегваер се најде во нападот во таа 89. минута за да погоди по одбиената топка од Лено, и да избегне офсајд.  Јунајтед тргна до победа, имаше шанси и удари, меѓутоа Лено беше на висината на задачата.

И кога се чинеше дека ќе се заврши со реми, Ивоби после една контра успеа да го совлада Онана и да го „шокира“ Олд Трафорд.

Екипата на Кристал Палас го доби мечот со Барнли 3-0, на дебито на Оливер Гласнер како тренер на тимот. Брајтон на домашен терен со играч помалку извади бод во дуелот со Евертон 1-1, додека Астон Вила со 4-2 беше подобар од Нотингем.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...