Манчестер Јунајтед се „засили“ со директор на Манчестер Сити

Французинот Омар Берада, ја напушти директорската позиција на Манчестер Сити, и за вработи како извршен директор во ривалот Манчестер Јунајтед. Берада во 2011 година се придружи на организацијата „Сити Фудбал Гроуп“, и од тогаш имал различни улоги.

Берада ги нагледувал 11-те клубови од пет континенти кои биле дел од организацијата, а во минатото работел и во Барселона. Францускиот стручњак наскоро ќе почне со работа во новиот клуб, а некои од поранешните играчи како Рио Фердинанд, се воодушевени од овој потег на раководството на Јунајтед.

„Разговарав со неколку луѓе, и тие не можат да веруваат дека тој ќе работи во Јунајтед. Направил многу за клубот во различни улоги. Голема работа за Манчестер Јунајтед. Тој е потенцијално еден од најдобрите потписи на Јунајтед оваа зима“, изјави Фердинанд.

Се претпоставува дека Берада работел на големи трансфер во Сити како што се оние на Лапорт од Билбао и на Халанд од Борусија Дортмунд.

Се вчитува...