Манчестер Јунајтед се обидува да собере значителна сума пари од продажбата на Маркус Рашфорд и Расмус Хојлунд. Двајцата играчи се на позајмица оваа сезона во Барселона, односно во Наполи.
Тимот од „Олд Трафорд“ смета дека од двајцата ќе дојде до цифра од 80 милиони евра. Од двата клуба има сигнали дека сакаат да ги задржат играчите на Јунајтед. Барселона има желба да го задржи Рашфорд со перманентен трансфер, а истото се однесува и за Наполи за Данецот.
Рашфорд се проценува на околу 30 милиони евра, додека продажба на Хојлунд би требало да ги чини „наполитанците“ 44 милиони евра, плус шест кои се веќе дадени за неговата позајмица.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

